Македонските фудбалски прволигаши денес го одиграа 31-вото првенствено коло во кое беа постигнати 27 погодоци на 5 натпревари, односно во просек по 5.4 голови по меч.
Голеадата во Македонското првенство можеше да ви донесе и убава добивка доколу одигравте 1+I&3+, односно на сите сите натпревари да биде постигнат најмалку по еден гол во првото полувреме и три вкупно на целиот натпревар. Тоа и се случи денес на македонските фудбалски терени, а квотата беше 33.30
Најголемата квота беше на дуелот на големите ривали Шкупи и Шкендија, дури 2.55, додека најмала на натпреварот Македонија ЃП – Победа, 1.52, кој заврши со убедлива победа од 7-0 за домашните. Тикетот беше добитен уште во 77-мата минута кога истовремено беа постигнати третите голови во Чаир и Струга.