Докторите мислеле дека е починат, а вчера му даде гол на Јувентус (ВИДЕО)

Јанис Антист има неверојатен животен пат, кој вчера беше крунисан со гол против Јувентус.

Младиот фудбалер од Франција, кој во моментов игра за Специја, на едногодишна возраст, заедно со неговите родители учествувале во сообраќајна несреќа, по која лекарите од амбулатното возило сметале дека се починати.

„Моите родители ми ја раскажуваа оваа случка. Автомобилот беше тотално оштетен, а кога дошло амбулантното возило, тие мислеле дека сме мртви. Но, му благодарам на Бога за тоа што сите преживеавме“, изјави младиот Французин во едно од своите излагања.

За да биде целата приказна со среќен крај, се погрижи токму Антисте, кој вчера во 49-тата минута погоди против Јувентус, во кој неговиот тим на крајот загуби со 3:2, но по една ваква приказна, можеби и резултатот не е во преден план.

- Оглас -

Најнови вести