Докторите со одлични вести за Синиша Михајловиќ

Некогашниот српски фудбалер, а сега тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, денеска слушна одлични вести. Михајловиќ доби дозвола да ја напушти болницата „Сант Орсола“ откако лекарите соопштија дека резултатите од лекувањето на леукемијата се одлични.

„Г-дин Михајловиќ беше отпуштен утрово од Институтот за хематологија откако резултатите беа одлични и му беше закажана антивирусна терапија. Според здравствените работници кои го лекуваат, состојбата на пациентот е многу добра“, стои во соопштението од болницата.

Михајловиќ веќе неколку месеци се бори со опасната болест, но истовремено остана и тренер на Болоња. Синиша честопати знаеше да излезе од болница само за да биде на клупата на калчолигашот. На 27 јануари повторно беше вратен во болницата, а по последните извештаи и резултати, ситуацијата со неговото здравје е многу подобрена.

Сега може да се очекува Михајловиќ дури да се најде и на клупата на Болоња на гостувањето во Рим против Рома. Без разлика дали Болоња вечерва ќе успее да направи изненадување на „Олимпико“ или ќе загуби, тренерот Михајловиќ денеска доби една голема битка.

 

- Оглас -

Најнови вести