Докторот на руската репрезентација дава совети како до подобар имунитет

Докторот на фудбалската репрезентација на Русија, Едуард Безуглов, смета дека во борбата против коронавирусот, најважно е да се задржи имунитетот, и кажа три чекори кои треба да се направат во правец на подобрен систем за имунитет. Во Русија нема голем број на заболени со оглед на тоа колкава земја е, но советите на Едуард се доказ дека нема потреба повеќе да им се верува на странски, отколку на нашите доктори, бидејќи сите ги кажуваат истото.

„Во многу земји луѓето се исплашени дека може да се заразат. Во борбата со коронавирусот, како надоградба на метедите кои се познати како превенција, многу може да помогне имунолошкиот систем. Секој од нас може едноставно да му помогне на имунолошкиот систем. Изолацијата е идеална за првиот метод, а тоа е спиењето. Треба да се спие најмалку 9-10 часа“ – препорачува Безуглов.

Втората важна работа е 3-4 пати неделно по половина час да се прават вежби. Ова се однесува на обичните луѓе, не на спортистите. Третото што може да помогне за подобрен имунитет е земањето на витамини.

„Лично, препорачувам одделно да земаат мултивитамини и витамин Д3. Треба секој ден за време на изолацијата да се земаат витамини. Најновите податоци велат дека ова позитивно влијае на имунолошкиот систем. Значи, мојот рецепт е: спиење, физички вежби и витамини“ – заклучува Безуглов.

 

 

- Оглас -

Најнови вести