Дома го нарекуваа предавник што потпишал за ЦСКА, а сега му прекипе и раскина со Армејците

Грузиската кошаркарска ѕвезда, Торнике Шенгелија, одлучи да го раскине договорот со ЦСКА Москва, во знак на протест, и поддршка за Украина.

Шенгелија во 2020 година потпиша за рускиот гигант, и тоа не беше добро прифатено во неговата земја, го нарекуваа предавник. Сега после воениот напад врз Украина, Шенгелија сепак реши да си замине од клубот кој е симбол на руската армија.

„Одлуката ја донесов во знак на протест против руската инвазија на Украина. Мислам дека не е можно да продолжам да игра, за клубот на руската армија“ – вели Шенгелија, кој е во Шпанија, каде има куќи, една во Валенсија и една во Виторија.

Пред да замине во ЦСКА, популарниот Токо шест сезони го носеше дресот на Басконија, па можеби ќе се врати во старото јато.

- Оглас -

Најнови вести