Дома изгубија од шампионот на Луксембург и збеснаа (Видео)

Ерменскиот шампион Пјуник непријатно беше изненаден на домашен терен во првиот меч од второто коло во квалификациите од Лигата на шампионите и загуби со 0:1 од Дуделанж. Шампионот на Луксембург покажа дека има квалитет и не само што ја сочува својата мрежа, туку во 72-рата минута даде и гол од пенал, што беше доволно за победа.

Веднаш по завршување на мечот, навивачите на Пјуник го искажаа својот револт поради поразот со втрчување на теренот. Десетици навивачи влегоа на теренот, а во еден момент генералниот директор на Пјуник, Ким Аракејлан, турна еден навивач на земја, а потоа полицијата го приведува непоканетиот гостин.

Ако сака да влезе во третото коло од квалификациите за ЛШ, Пјуник сега ќе мора да брка победа на гостински терен. Дуделанж во првото квалификациско коло со две победи ја елиминира Тирана, а сега е на пат и кон третото претколо во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести