Домаќините им „измислија“ термин на Србите и Италијанците за полуфиналето на ЕП

Полска, која е домаќин на завршницата на Европското првенство во одбојка за мажи, попладнево од 17.30 часот ќе игра против Словенија во првото полуфинале, и Полјаците ако победат, ќе имаат прилично повеќе одмор од својот противник во утрешното финале, без разлика дали тоа ќе биде Србија или Италија.

Домаќините одлучија второто полуфинале помеѓу Србија и Италија да се игра со почеток во 21 часот, и потенцијално дуелот може да трае и до полноќ. Проблематично е што досега на ЕП 2021, ниту еден меч не почна толку доцна, и се гледа намерата на Полјаците да им наштетат на своите можни утрешни ривали.

Првобитно, требаше Србија и Италија да играат од 17.30, но Полјаците решија тие да играат во термин, а го поместија и вториот термин. Второто полуфинале требаше да биде од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести