Домаќините ќе доминираат, но Баерн Минхен ќе загуби на свој терен

Фудбал, кошарка, тенис и хокеј има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, а воочливо е тоа дека најголем дел од екипите кои се домаќини, ја имаат фаворитската улога.

Во фудбалот се зголемени „кецовите“ за победа на Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт, Џенова, Ле Ман, ВВВ Венло… додека единствената двојка во фудбалскиот дел се очекува на Зулте Варегем и Антверпен.

Во кошаркарската Евролига, Жалгирис треба да победи против Валенсија, додека Баерн во Минхен е во улога на аутсајдер против Монако.

- Оглас -

Најнови вести