Домаќинот Катар се спаси на пенали, Иран со гол во 96-тата минута ја исфрли Јапонија (Видео)

Репрезентациите на Катар и Иран се последните полуфиналисти на Азискиот фудбалски куп. Тие меѓусебе ќе играат за пласман во големото финале, откако во неизвесни завршници и двете репрезентации дојдоа до победите над Јапонија, односно Узбекистан.

Иран со гол од пенал во 96-тата минута дојде до пресврт-победа над Јапонија, додека домаќинот Катар дури после изведувањето на пеналите го елиминира Узбекистан, откако во регуларниот дел и после продолженијата немаше победник, односно беше 1-1.

Второто полуфинале на Азискиот куп го сочинуваат репрезентациите на Јордан и Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести