Домаќинот на СП се посрамоти, загуби од тим од Северна Ирска

Репрезентацијата на Катар во ноември и декември за првпат ќе игра на едно Светско првенство во фудбал, но изгледа само затоа што е домаќин, а не дека има квалитет да биде учесник на Мундијал.

Катарците, кои се и прваци на Азија, во шпанската Марбелја играа пријателски меч со Линфилд, кој е тим од Северна Ирска, и загубија со 0-1.

На ФИФА-листата, Катар е 51-ви (зад нив се Грција, Финска, Исланд, БиХ, Македонија, итн) и затоа е шокантен денешниот пораз.

- Оглас -

Најнови вести