Домашниот терен станува клучна предност во НБА

Во кошаркарската НБА лига, домашниот терен станува голема предност, а тоа го потврдува и статистиката. Во првото коло од годинашниот плејоф, триумфираа и се пласираа во следната рунда сите осум тима кои ја имаа предноста на домашниот терен и првите мечеви, некои и мајсторките, ги играа на свој терен. Вакво нешто не се случило од сезоната 2005/2006 наваму.

Последен тим кој се најде во конференциското полуфинале е Денвер нагетс, кој дома во седмиот меч го совлада Сан Антонио спарс, а Торонто репторс со победи го отвори второто коло, против Филаделфија.

Вечерва Милвоки бакс го пречекува Бостон селтикс, а од 21.30 часот, Голден Стејт вориорс го игра дербито против Хјустон рокетс. „Воините“ кои се актуелен првак, можеби вечерва ќе треба да играат без двајца стартери, Стеф Кари и Клеј Томпсон. Популалрните „Сплеш брадерс“ имаат повреди и настапот им е неизвесен, па мечот би можел да се претвори во дуел на Кевин Дурант против Џејмс Харден.

- Оглас -

Најнови вести