Домашните екипи се фаворити во Втората лига: Коло кое ќе даде многу одговори на врвот и на дното (Фото)

Фудбалските второлигаши денес ќе го одиграат комплетното 20-то коло. Неколку натпревари го привлекуваат вниманието, а посебно тоа е случај со дуелот во Врапчиште, каде лидерот Беса го пречекува третопласираниот Детонит Плачковица. Исходот од овој натпревар ќе се чека и во Битола, каде Пелистер го пречекува гевгелиски Кожуф.

Беса е првопласирана со 50 поени, Пелистер е втор со 42, а Детонит Плачковица на третото место со 41 бод, па станува јасно зошто овие натпревари се интересни. Од „заседа“ на четорото место чека Арсими со 35 бода, па евентуален пораз на тимот од Радовиш и победа на Арсими над Караорман, ќе значи дека екипата пд гостиварско ќе дојде на само три бода од баражот.

Возбудувања се очекуваат и во Тетово, каде Тетекс го пречекува фенерџијата Каменица Саса. Тетовскиот второлигаш со победа ќе заплови во помирни води, а и според квотите во Sport Life, е фаворит за такво нешто со квота од 1.74.

- Оглас -

Најнови вести