Доминик спаси меч топка и го победи Федерер, денес на ред е Ѓоковиќ

Австриецот Доминк Тим дефинитивно е играчот кој со своите игри покажува дека може да се носи и со најдобрите. На мастерсот во Мадрид, Тим синоќа го елиминираше Роџер Федерер и тоа со голем пресврт. Федерер го доби првиот сет со 6:3, а потоа имаше и меч топка во вториот сет, но Доминик се врати. Успеа да го добие вториот сет во тај-брејк со 13:11, а потоа беше подобар и во третиот со 6:4.

Денеска, следува нов поголем предизвик за Тим. Игра против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Интересно е што Австриецот ги има добиено последните два меча против Ноле на земјена подлога. Го победи минатиот месец на Мастерсот во Монте Карло, а пред две години го елиминираше и на Ролан Гарос.

„Тоа против Федерер беше голем тест за мене, а сега следи дуел со Ѓоковиќ. Тоа ќе биде многу поголем предизвик“, вели Тим, кој според коефициентите во Sport Life, има реални шанси да се надева на влез во финалето.

Дуелот е закажан во 16 часот, а по завршување на тој меч, во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Стефанос Циципас. Шпанецот е апсолутен фаворит со коефициент 1,15 дека ќе игра во финалето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести