Доминик Тим со волеј ѝ го скрши мобилниот (Видео)

На загревањето пред мечот со Марин Чилиќ, австрискиот тенисер Доминик Тим, покажа дека е расположен и ги има центрирано нишанските справи, па при еден волеј, успеа да го погоди мобилниот телефон кој една гледачка го држеше во рацете.

Телефонот падна на подот и можеби екранот беше распарчен на делови. Тим веднаш се извини, тој несакајќи го погоди телефонот на гледачката, свесен дека и да гаѓаше, немаше да погоди.

На турнирот во Монтреал, Тим го доби мечот против Хрватот Чилиќ, а денеска игра со Данил Медведев. Пораката е дека ако одите да гледате тенис во живо, бидете внимателни, особено ако мобилниот веќе не ви е под гаранција.

- Оглас -

Најнови вести