Дончиќ броеше до 40, Далас изгуби од еден од најслабите тимови во НБА (ВИДЕО)

Лука Дончиќ постигна 40 поени во поразот на Далас маверикс на домашен терен од Оклахома сити тандер со 114:120.

Мечот по регуларните 48 минути беше 103:103, а Словенечкиот ас немаше некоја поддршка од соиграчите. Покрај 40-те поени, Лука имаше и 10 асистенции, со што дојде до нов дабл-дабл во оваа сезона.

Никола Јокиќ, пак, го пропушти поразот на Денвер кај Јута од 108:104 поради повреда на прстот на десната нога.

НБА

Индијана пејсерс – Орландо меџик 118:119

Филаделфија 76-ерс – Вашингтон визардс 103:106

Бостон селтикс – Шарлот хорнетс 113:107

Њујорк никс – Мемфис гризлис 108:120

Хјустон рокетс – Кливленд кавалирс 115:104

Далас маверикс – Оклахома сити тандер 114:120

Сакраменто кингс – Бруклин нетс 112:101

Јута џез – Денвер нагетс 108:104

Лос Анџелес лејкерс – Портланд трејлблејзерс 99:94

- Оглас -

Најнови вести