Дончиќ буквално е наследник на Новицки

Тренерот на Далас маверикс, Рик Карлајл, посочи дека планира да го игра Лука Дончиќ на позицијата четири, односно крилен центар, позицијата која во изминативе години ја покриваше Дирк Новицки. Како што се предвидуваше дека младиот Словенец ќе биде наследникот на германскиот ветеран во тимот на Далас, Дончиќ сега и буквално ќе го наследи шестиот најдобар стрелец во историјата на НБА, додека Новицки во главно ќе влегува од клупата да помогне на својот тим.

„Дирк знае каков е мојот план за претстојната сезона. Во прв план мора да биде тимот, со цел да остваруваме што повеќе позитивни резултати. Денис, Метјуз, Херисон, Дончиќ и Џордан се играчите кои ќе бидат во првата петорка, додека Новицки ќе ни биде „тајното оружје“ од клупа“, истакна Карлајл.

Четириесетгодишниот Новицки минатата сезона остваруваше просек од 12 поени и 5,7 скокови по натпревар, за 24 минути поминати на теренот. Со доаѓањето на овогодинешниот трети пик на драфтот, слободно може да се каже дека Новицки доби рамноправен наследник, кој допрва треба да докаже зошто беше избран за најдобар млад играч во Европа и во финалето од Евролигата за минатата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести