Дончиќ држи неверојатен рекорд, победнички камбек на Томпсон (ВИДЕО)

Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл во кариерата во победата на неговиот тим Далас над Чикаго булс од 113:99.

Словенечкиот кошаркар имаше учинок од 22 коша, 14 скокови и исто толку асистенции, со што го подобри рекордот за најголем број трипл-даблови во НБА за играч кој е под 23 години.

Сепак, утринава во центарот на НБА беше Клеј Томпсон, кој по речиси две години се врати на паркетот и го облече дресот на Голден стејт ворирос.

Тој постигна 17 поени во триумфот на својот тим над Кливленд кавалирс од 96:82, и тоа за само 19 минути минати на теренот.

Најефикасен на средбата беше Стеф Кари со 28 постигнати поени.

НБА

Орландо меџик – Вашингтон визардс 100:102

Торонто репторс – Њу Орленс пеликанс 105:101

Хјустон рокетс – Минесота тимбервулфс 123:141

Оклахома сити тандер – Денвер нагетс 95:99

Далас маверикс – Чикаго булс 113:99

Голден стејт ворирорс – Кливленд кавалирс 96:82

Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс 103:88

Лос Анџелес лејкерс – Мемфис гризлис 119:127

 

- Оглас -

Најнови вести