Дончиќ е незадржлив, го надмина и Мајкл Џордан (Видео)

Лука Дончиќ продолжува да биде незадржлив за противничките одбрани, па така и на дуелот против Јута ја надмина бројката од 30+ поени. Словенецот заврши со 33 поени и 11 асистенции во победата на неговиот тим од 103:100 против Џезерите.

Дончиќ на сите седум меча од почетокот на првенството е со 30+ поени, со што го надмина постигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан, кој имал старт на сезона со шест дуели во кои бил на 30+ поени. Освен Дончиќ, ваков кошгетерски подвик во историјата има направено само уште Вилт Чемберлен пред 60 години.

Милвоки бакс продолжува со победничкиот ритам откако Бакси без многу проблеми со 25 разлика славеа над Детроит (116:91). Јанис Адетокумбо заврши со 32 поени и 12 скокови во мечот на кој Милвоки го израмни клупскиот рекорд за најдобар старт во една сезона. Само уште во далечната 1971 година и пред пет сезони, Милвоки стартувал со седум победи по ред.

Торонто немаше милост на гостувањето кај Сан Антонио и Рептилите постигнаа дури 143 поени за убедлива победа од 43 поени разлика. Паскал Сијакам блескаше и на крајот заврши со трипл-дабл со 22 поени, 11 асистенции и 10 скока, и тоа само за 28 минути поминати на паркетот.

Резултати: Кливленд – Бостон 114:113 по продолжение, Мајами – Сакраменто 110:107, Њујорк – Аталанта 99:112, Чикаго – Шарлот 106:88, Хјустон – ЛА клиперс 101:109, Милвоки – Детроит 116:91, Сан Антонио – Торонто 100:143, Далас – Јута 103:100, Портланд – Мемфис 106:111, ЛА лејкерс – Њу Орлеанс 120:117 по продолжение.

- Оглас -

Најнови вести