Дончиќ и Харден повторно блескаа, Далас и Хјустон победуваа

Хјустон рокетс победи на гости кај Чикаго со 117:94 и стигна до третата победа во низа. Џејмс Харден беше предводник на гостите од Тексас. Популарниот Брада постигна 42 поени, а додаде и 10 скока и девет асистенции, што значи дека му недостасуваше само едно додавање за да комплетира трипл-дабл.

Клучна за победата беше третата четвртина која Хјустон ја доби со убедливи 36:18.

Лука Дончиќ не беше толку ефикасен како Харден, но и со ефект од 24 поени и 14 скокови, младиот словенечки кошаркар го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Мемфис од 138:122.

Победа на гости забележа и Њу Орлеанс кој изненадувачки славеше против Шарлот со 115:110. Голден Стејт продолжи да реди порази. Воините овојпат загубија на гости кај Оклахома со 114:108. Бостон го растури Сан Антонио со 135:115, во меч кој ќе се памти по тешката повреда што ја заработи Гордон Хејворд.

- Оглас -

Најнови вести