Дончиќ не може сам против шампионот, „магијата“ на Харден недоволна против Орландо

Голден стејт вориорс ја продолжи серијата на четири последователни победи со гостинскиот триумф над Далас маверикс со 119:114. Стеф Кари имаше свое шутерско шоу реализирајќи 11 тројки од 19 обиди, а средбата ја заврши со високи 48 поени. За победата придонесе и Кевин Дурант со 28 поени, додека младата ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ, заврши со респектабилни 28 поени и шест скока.

 

Орландо меџик го сопре налетот на Џејмс Харден и Хјустон рокитс со триумф од 116:109. Тимската игра на Орландо му го нанесе 18-тиот пораз на франшизата од Тексас, а беа предводени од дуото Вучевиќ – Гордон, кои реализираа по 22 поени, додека на црногорскиот центар му недостасуваше еден скок за дабл-дабл учинок.

„Брадата“ запиша нов меч со 30+ поени, застана на 38, а оствари двоен учинок со 12 асистенции, но неговата реализација од линијата за три поени беше катастрофална, само со една погодена тројка од 17 обиди.

https://www.youtube.com/watch?v=hUfZLRy7oKQ

 

Никола Јокиќ го предводеше тимот на Денвер нагетс до 29-тиот овосезонски триумф со победата над Портланд трејлблејзерс од 116:113. Српскиот центар оствари нов личен сезонски рекорд со 40 поени, забележа и 10 скока, а само две асистенции го делеа од трпл-дабл учинок. Јокиќ имаше голема помош и од Џамал Мари, кој заврши со 24 поени, додека кај поразените најмногу се истакна Демиен Лилард со 26 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=WWvipNiz6Xc

 

Резултати НБА:

Далас маверикс – Голден стејт вориорс 114:119

Орландо меџик – Хјустон рокитс 116:109

Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс 116:113

Њујорк никс – Филаделфија севентисиксерс 105:108

Вашингтон визардс – Торонто репторс 138:140 (по продолженија)

Атланта хокс – Милвоки бакс 114:133

ЛА лејкерс – Кливленд кавалирс 95:101

 

- Оглас -

Најнови вести