Дончиќ не сака да го споредуваат со Џордан

Лука Дончиќ со секој нареден настап сè повеќе ги освојува симпатиите во НБА-лигата. Младата ѕвезда на Далас максимално го користи својот талент, па не е ни чудо што оваа сезона е еден од најдобрите играчи во лигата. Во многу ситуации се покажал како клучен за Маверикс, очигледно му одговара лидерската улога во тимот и покрај тоа што има само 20 години.

Иако ноќеска загуби, Дончиќ ќе го памети поразот од Сакраменто по поставениот рекорд кој досега го држеше легендарниот Мајкл Џордан. Во 19 последователни натпревари, Дончиќ реализира 20+ поени, 5+ асистенции и 5+ скока, еден меч повеќе од шеткракиот НБА-првак.

Сепак, словенечкиот кошаркар не сака да го споредуваат со иконата на Чикаго булс бидејќи тоа е само статистика.

„Никој не може да се спореди со Мајкл Џордан, тоа што вие го кажувате е само статистика. Тој е еден и единствен“, посочи Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести