Дончиќ низ Љубљана се шета со возило кое вреди 500.000 евра (Фото)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Лука Дончиќ, изненадувачки рано ја заврши сезоната, откако Далас маверикс не успеа да обезбеди место во плејофот. Токму затоа Дончиќ веќе си замина од САД и се врати во неговата родна земја, Словенија.

Дончиќ од САД во Словенија допатува со изнајмен авион „Gulfstream G650“, кој вреди 60 милион евра, а за изнајмување за еден час треба да се издвојат 15.500 евра. Тоа значи дека патот на Дончиќ од Далас во Љубљана го чинело околу 150.000 евра.

Кога пристигнал во Љубљана, од гаражата на Дончиќ се појавило „чудовиште“ на четири тркала. НБА ѕвездата вози Мерцедес Брабус кој вреди 500.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ekipa SN (@ekipa_sn)

За Дончиќ воопшто не е проблем да си дозволи вакви задоволства, ако се знае дека неговиот моментален петгодишен договор вреди неверојатни 215 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести