Дончиќ очекувано во „тимот на декадата“ во Евролигата

Лука Дончиќ веќе втора сезона (пред да се прекине) блеска во редовите на Далас маверикс и ги освојува симпатиите на НБА-лигата. Пред преселбата преку Барата, Дончиќ три сезони помина во првиот тим на Реал Мадрид, каде што почна да ја гради блескавата кариера.

Со Кралевите стигна до европскиот трон во 2018 година, додека истата сезона беше избран за најдобар играч на шампионатот во регуларниот дел, односно во фајнл-форот, а го прогласија и за „ѕвезда во подем“. Повредата на Серхио Љуљ во таа сезона му овозможи на Дончиќ во целост да се истакне, па само на 19 години стана предводник на Реал.

Токму затоа Дончиќ се најде во тимот на деценијата, односно меѓу најдобрите кошаркари кои играле во најсилната европска кошаркарска лига од 2010 до 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести