Дончиќ одигра меч за историја во НБА (Видео)

Лука Дончиќ го одигра најдобриот меч сезонава, а неговиот Далас славеше против Хјустон со 113:100. Незадржливиот Словенец мечот го заврши со трипл-дабл, а на крајот имаше 33 поени, 16 скока и 11 асистенции.

Иако се одиграа само седум меча од новата сезона, Дончиќ успеа да постави и еден рекорд. Тој е четвртиот најбрз играч кој успеал да ја надмине границата од 1.000 поени, 1.000 скока и 1.000 асистенции. За да стигне до вакво постигнување, на Дончиќ му беа потребни само 139 меча, а пред него се само Оскар Робертсон (98 натпревари), Бен Симонс (123) и Меџик Џонсон (126). Колку за споредба, на Леброн Џејмс ова му има успеано по 158 одиграни дуели.

За Дончиќ ова беше 26 трипл-дабл во кариерата, што исто така е најмногу за еден НБА-играч до 22 години. Претходните рекорди во оваа категорија беа на Меџик Џонсон и Бен Симонс, кои имале по 25 трипл-дабли додека не наполнат 22 години.

Резултати: Орландо – Кливленд 103:83, Филаделфија – Шарлот 118:101, Аталанта – – Њујорк 108:113, Мајами – Оклахома 118:90, Торонто – Бостон 114:126, Хјустон – Далас 100:113, Милвоки – Детроит 125:115, Њу Орлеанс – Индијана 116:118 (по продолжение), Голден стејт – Сакраменто 137:106.

 

- Оглас -

Најнови вести