Дончиќ одигра уште еден блескав меч и влезе во историјата на НБА (Видео)

Лука Дончиќ повторно беше незадржлив, а тоа донесе нова победа на Далас. Маверикс се радуваа на минимална победа во дуелот против Вашингтон од 125:124, а тројката за победа ја постигна Смит на девет секунди до крајот. Последниот напад го имаше Вашингтон, но шутот на Бредли Бел за три поени, беше непрецизен.

Дончиќ на крајот заврши со 31 поени, 20 асистенции и 12 скока и тој е само четвртиот НБА играч во историјата што имал трипл-дабл со 30+ поени, 20+ додавања и 10+ скока. Кај Вашингтон најпрецизен беше првата ѕвезда, Расел Вестбрук кој даде 42 пени, а имаше и 10 скока.

Историја беше испишана и во Оклахома, откако домаќините го претрпеа најтешкиот пораз во историјата на свој терен. Индијана немаше милост и победи на гостувањето со 152:95. Оклахома никогаш претходно дома не загубила со неверојатни 57 поени разлика.

Домантас Сабонис со трипл-дабл од 26 поени, 19 скока и 14 асистенции беше предводник во историската победа на Индијана.

Резултати во останатите мечеви одиграни ноќеска во НБА: Јута – Торонто 106:102, Минесота – Њу Орлеанс 136:140 по продолжение, Орландо – Мемфис 112:111, Кливленд – Мајами 107:124,  Атланта – Чикаго 108:97, Хјустон – Голден Стејт 87:113, Шарлот – Детроит 107:94, ЛА Клиперс – Денвер 104:110.

- Оглас -

Најнови вести