Дончиќ опуштено си седи на клупа и дава тројка (Видео)

Пред почетокот на натпреварот помеѓу Далас маверикс и Портланд трејлблејзерс, младата ѕвезда на „дивите телиња“, Лука Дончиќ, додека другите се загреваа на терен, седеше опуштено на клупата. Но, зеде баскет во рацете и покажа дека и седнат може без проблем рутински да го погоди кошот, за што доби честитки од колегата кој седеше до него. Намерата на Лука беше само да ја исфрли топката и да се релаксира, но таа заврши низ обрачот.

Дончиќ со своите потези ја воодушевува кошаркарската јавност, а иако ова не е нешто невидено, сепак покажува дека 20-годишниот Лука нема нешто што не може да направи, па дури прави тие работи да изгледаат како најлесни на светот.

Потоа кога почна она вистинското, Лука повторно беше расположен и на Портланд му даде 24 поени, со пет скока и шест асистенции за 29 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести