Дончиќ продолжи со магијата, Далас лесно го победи Орландо (Видео)

Лука Дончиќ повторно одигра магично и со 33 поени, 10 скока и 8 асистенции го предводеше Далас до убедлива победа против Орландо од 122:106 на гостински терен.

Словенецот одигра моќно во првото полувреме и имаше 24 поени за само 24 минути, а потоа палката ја презеде Макси Клебер.

Резервата на Маверикс си забележа личен рекорд со 26 поени, Порѕингис се приклучи со 24 поени и 10 скока, а Далас ја забележа 19. победа на гостински терен во оваа сезона. Тоа е повеќе од вкупниот збир на победи на тимот од претходните две сезои кога се собраа само 18 триумфи на гостински терен.

И шампионот Торонто продолжува со сигурен чекор, а со 37 поени и 12 скока до 16. победа во последните 17 меча ги предводеше Ол-стар крилото Паскал Сијакам. Репторс беа убедливи против Феникс санс и славеа со 118:101.

Резултати: Орландо – Далас 106:122, Вашингтин – Кливленд 108:113, Њујорк – Индијана 98:106, Торонто – Феникс 118:101, Минесота – Бостон 117:127, Оклахома – Денвер 113:101, Јута – Сан Антонио 104:113, Л.А. лејкерс – Мемфис 117:105, Портланд – Л.А. клиперс 115:128.  

- Оглас -

Најнови вести