Дончиќ се збуни и стана хит – Погоди прекрасна тројка и заборави дека игра дома, па ѝ покажа на својата публика да молчи (Видео)

Лука Дончиќ имаше комична ситуација на уште еден извонреден меч во НБА-лигата и откако погоди клучна тројка за победа на Далас против Лос Анџелес клиперс со 103:101, по грешка се сврте кон својата публика и им покажа да молчат.

Словенецот постигна 35 поени со 11 скока и пет асистенции, а целата ситуација изгледаше смешно.

„Искрено не знам зошто го направив тоа. Сакав да ја прославам тројката, но наместо тоа ја замолкнав својата публика. Нема да лажам, за момент се збунив“, рече Дончиќ со насмевка на лицето по мечот, објаснувајќи ја целата ситуација.

Далас водеше со 22 поени разлика на полувремето, а потоа дозволи мечот да има драматична завршница, но сепак домаќините некако успеја да победат.

Ноќта со пет меча во НБА-лигата ќе се памети и по неверојатните 153 поени што ги постигнаа кошаркарите на Сакраменто кингс против Бруклин нетс.

Кралевите го понижија противникот со победа од 153:121, или цели 32 разлика, а бројот на поени е фантастичен.

Последен пат Кингс дале 153 или повеќе поени на меч во 1993 година или речиси пред три децении.

Во секоја четвртина посебно, домаќините даваа над 36 поени и имаа дури седуммина кошаркари со двоцифрен учинок.

Резултати: Њу Орлеанс – Мемфис 113:102, Далас – ЛА клиперс 103:101, Јута – Њујорк 111:118, Портланд – Сан Антонио 117:110, Сакраменто – Бруклин 153:121. 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести