Дончиќ си поигруваше со „патките“

Погодуваше тројки, тешки шутеви стоејќи на една нога, го изблокира противничкиот играч Џастин Хамилтон кој е висок 214 сантиметри. Сето ова го правеше Лука Дончиќ на својот прв пријателски натпревар во дресот на Далас маверикс.

Словенецот кој со 19 години е дебитант во НБА лигата, на дуелот со Пекинг дакс, кој „дивите телиња“ го добија со 116:63, покажа дека ќе има што да покаже и во најсилната лига на светот. Дончиќ за 29 минути, застана на 16 поени, шест скока, три блокади и две асистенции. Во првото полувреме, тој беше користен како крилен центар, а потоа во второто беше во улога на плејмејкер, како организатор на играта.

Иако кинескиот тим не е противник со НБА квалитет, сепак играта на Дончиќ на првиот меч во Далас беше ветувачки и охрабрувачки за него пред наредните далеку посериозни предизвици.

Деби како член на Далас имаше и Деандре Џордан, со 9 поени, 8 скока и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести