Дончиќ со Словенија игра историски меч, влогот е прв пласман на Олимписки игри

Словенија во Каунас игра против Литванија во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио. Кошаркарската репрезентација на Словенија која во 2017 година стана европски првак, никогаш во својата историја не била дел од завршницата на Игрите.

Предводени од НБА ѕвездата Лука Дончиќ, Словенија на досегашниот дел од турнирот забележа три убедливи победи над Ангола (118:68), Полска (112:77) и Словенија – Венецуела (98:70), но сега ќе го има вистинскиот предизвик, а тоа е да се победи домаќинот Литванија.

Ако Словенија никогаш не била на ЛОИ, Литванците се редовни учесници на завршницата од Игрите во Барселона во 1992 година до сега. Во последните шест меѓусебни средби на Словенија и Литванија, двете селекции имаат по три победи, а на последните четири дуели, на крајот разликата не била поголема од четири поени, што значи дека победникот се решавал во последните секунди.

„Нашиот сон е да играме на Олимписките игри. Тоа би било неверојатно, не само за мене, туку за цела Словенија. Долго време го чекаме тоа и се надевам дека сега ќе успееме“, рече Дончиќ во пресрет на денешниот меч.

Освен дуелот во Каунас, вечерва се играат уште три финални меча од квалификациите за Летните Олимписки Игри во Токио и тоа: Германија – Бразил, Србија – Италија и Чешка – Грција. Сите мечеви може да ги најдете на понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести