Дончиќ во НБА стил ја води Словенија на ЛОИ во Токио, Германија ја шокираше Хрватска (Видео)

Лука Дончиќ во НБА стил ја води Словенија кон Летните Олимписки Игри во Токио, а остана само уште еден ривал, Литванија, или Полска за настап на олмпискиот турнир.

Кошаркарот на Далас маверикс одлично се забавуваше на мечот против Венецуела, повторно имаше блескави потези, а Словенците победија без мака со 98:70.

Дончиќ постигна 23 поени, имаше 13 асистнции и 9 скока. Одличен меч одигра и Мајк Тоби со 27 поени и 12 скока.

Словенија во финалето на олимписките квалификации ќе игра против Литванија, или Полска, две селекции кои ќе играат меѓусебе вечерва од 18.30 часот.

Финале обезбедија и Србија и Германија, по денешните победи против Порторико, односно Хрватска.

Хрватите во Сплит беа шокирани од Германија и ги загубија шансите за настап на ЛОИ. Германците победија со 86:76 и ќе играат финале против Бразил, утре од 19 часот.

Србите ја искористија предноста да играат на домашен терен и во Белград го победија Порторико со 102:84. Србија за ривал во финалето ќе ја има Италија. Аѕурите денеска лесно ја победија Доминиканска Република со 79:59.

 

- Оглас -

Најнови вести