Доријан Бабунски продолжува да ги тресе мрежите во Унгарија, Македонецот е најдобар стрелец на Дебрецин

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски продолжува со одличните игри за тимот на Дебрецин во унгарскиот шампионат.

Дебрецен по првото полувреме против Вашаш во рамки на 14-то коло во Унгарија, има предност од 0:3, а во листата на стрелци се запиша и Бабунски.

Тој во 38-та минута постигна гол за водство од 0:3 на Дебрецин кој се наоѓа пред нова победа.

Доријан Бабунски досега постигна четири гола за својот тим во унгарскиот шампионат и заедно со Балаш Џуџак се први стрелци во својот тим.

- Оглас -

Најнови вести