Дорсаф прави револуција во Тунис – Прва дама што ќе им суди на прволигаши

Дорсаф Гануати прави вистинска револуција во фудбалската игра во Тунис и таа ќе биде првата дама што ќе суди прволигашки меч во оваа земја.

Доорсаф беше упорна успеа да дотурка на листата со судии што можат да бидат арбитри во Тунис и доби шанса да биде на центарот на мечот меѓу Есперанса спортиво де Тунис против Атлетик клуб Бизертин.

Досега ниту една судијка пред неа не судела прволигашки меч, а Дорсаф веќе им судеше на мажи, но во пониските лиги на Тунис.

Во одреден период на постоењето на Тунис, не беше дозволено жени да присуствуваат на фудбалски натпревари, но таа бариера се руши во дел од земјите во арапскиот свет, особено во земјите од Магреб.

- Оглас -

Најнови вести