Дортмунд се договори со Џан, но Јуве бара повеќе пари

Емре Џан ја прифати понудата да го облече дресот на Борусија Дортмунд како позајмен играч до крајот на сезоната. Меѓутоа, Милионерите и Јувентус треба да се договорат околу цената за откуп. Дортмунд понуди 23 милиони евра, додека Старата дама бара најмалку 30 милиони.

Германскиот интернационалец упорно се обидува да го напушти Торино со цел да игра за тим каде што повеќе ќе биде ценет, а трансферот во Дортмунд може да му овозможи место во репрезентацијата на Германија за претстојното Европско првенство.

Двата клуба до утре треба да најдат заеднички јазик со цел Џан да може да ги изврши медицинските прегледи. Инаку за него ќе биде враќање во Бундеслигата бидејќи ги бранеше боите на Баер Леверкузен пред да се пресели на Островот во редовите на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести