Дортмунд си го бара капитенот назад

Борусија Дортмунд сериозно размислува да го врати Матс Хумелс во своите редови, германскиот дефанзивец кој беше капитен на Милионерите пред преселбата во Баерн Минхен. Поранешниот германски репрезентативец пред три лета го смени жолтиот дрес со црвениот на Баварците, трансферот изнесуваше 35 милиони евра, па така германскиот првак значително ја засили одбраната, додека го „осакати“ најголемиот ривал во Бундеслигата.

Сега таква намера има Дортмунд. Да си го врати капитенот назад, па пропуштената шанса од изминатава сезона да се освои титулата во Германија да биде поправена во новата сезона. Хумелс по доаѓањето на „Алијанц“ арената се закити со три титули во Бундеслигата и еден германски куп, како и три последователни успеси во германскиот суперкуп.

Екипата од „Сигнал Идуна парк“ веќе доведе три квалитетни засилувања, за услугите на Азар, Брант и Шулц потрошија вкупно 75 милиони евра, а голема работа завршија кон почетокот на 2019 година кога целосно го откупија договорот на Пако Алкасер од Барселона за сума од 21 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести