Досуден најчудниот пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Кил го победи Бохум со 2-1 во натпревар од германската втора лига, кој ќе остане запаметен по неверојатниот пенал кој беше досуден за гостите. Гостинскиот играч Ганвула шутна откосо и топката мина покрај стативата, одејќи кон гол-аут. Но, зад голот на Бохум имаше играчи на Кил кои се загреваа, а еден од нив ја запре топката која одеше кон него.

Проблемот е што резервата на Кил ја запре топката пред таа да излезе целосно од терен. Главниот судија Тимо Герах гледаше снимка за да утврди што се случи, и по консултацијата со ВАР, досуди пенал, кој Ганвула го претвори во гол за 1-1 во тој момент.

https://www.youtube.com/watch?v=ZXrDLwjIqM4

- Оглас -

Најнови вести