Довициозо: Горд сум што му бев главна закана на Маркес

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, во пресрет на трката за Големата награда на Австралија посочи дека е горд што сезонава му бил најголем ривал на Марк Маркес во борбата за светската титула во МотоГП.

Маркес минатиот викенд ја одбрани светската титула на трката во Јапонија, со победата стигна вкупно до 296 поени, 102 повеќе од Довицозо, кој се откажа од настап два дена порано. Шпанецот стигна до својата седма светска титула во кариерата, петта во најсилната конкуренција.

„Горд сум што му бев главен ривал на Маркес, што имав можност да му се заканам во неговиот обид да ја одбрани титулата, тоа значи дека напредувам како возач. Пред две години никој не очекуваше дека јас ќе бидам тој што ќе се обиде да ја прекине неговата доминација. Иако не успеав во тоа, со сите сили се обидував. Ние двајца сме во добри односи и надвор од трките, секогаш имаме тема на разговор, па и двајцата сме „манијаци“ за мотори“, истакна Довициозо.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се одржи во понеделник рано наутро, со почеток од 4 часот.

- Оглас -

Најнови вести