Доволно паузираше, Меси утре ќе игра против Бетис

Веста која сите со нетрпение ја очекуваа, Лео Меси утре се враќа на терените. Од таборот на Барселона потврдија дека Аргентинецот е подготвен за настап, откако се опоравуваше од повредата на раката, која ја здоби на 20-ти октомври против Севилја(4-2).

Меси утре ќе биде во составот за мечот против Бетис, откако ги пропушти последните пет средби, во кои Барса оствари четири победи и едно реми во сите натпреварувања. Капитенот на шпанскиот првак беше дел од тимот кој патуваше за Милано за дуелот против Интер, но тој не доби „зелено светло“ за настап од клупските лекари, но сега кога повредата е надмината, Меси повторно може да го предводи својот тим.

Утре во 16:15 часот, Барселона на „Камп ноу“ ќе го пречека Бетис, меч во рамките од 12. коло во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести