Дожд од голови во Лондон, Челзи и Сити ваков меч не одиграле уште од 1960 година (Видео)

Спектакуларен меч одиграа Челзи и Манчестер сити на дождливото време во Лондон, а на крај двата тима освоија по бод откако средбата заврши со неверојатни 4-4.

Сити не успеа да врзе серија од пет премиерлигашки победи на гости кај Челзи, но се врати на чело на табелата, со бод плус во однос на Арсенал и Ливерпул.

Сините ги губеа претходните четири меѓусебни лигашки дуели против Граѓаните со по 0-1, а денеска дадоа дури четири гола против англискиот и европски првак, и тоа им донесе бод. Последната победа на Челзи над Сити беше во мај 2021, во финалето на Лигата на шампионите, од тогаш немаа дадено ни гол, а денеска надоместија.

Вечерва Сити водеше 1-0, па Челзи со 2-1, Сити имаше 3-2 и 4-3, па на крај и најправедно е ремито. Инаку, ваква голеада во нивните меѓусебни дуели претходен пат имало во 1960 година кога Челзи победил со 6-3.

Некогашниот член на Сити, Кол Палмер, од пенал во 95-та минута му донесе бод на Челзи откако гостите помислија дека ќе освојат три бода кога Родри даде среќен гол во 86-та минута за 4-3.

- Оглас -

Најнови вести