Драма каква што не се памти: Тимот од Малта се радуваше по најдолгата серија на пенали во историјата на УЕФА натпреварувањата

Екипата на Гзира од Малта се пласираше во второто квалификациско коло од Конференциската лига и тоа по одигрување на еден историско драматичен меч. Гзира успеа да го елиминира Гленторан од Северна Ирска и тоа по изведување на пенали.

Првиот меч на Малта заврши без голови, а синноќа во реваншот во Северна Ирска, гостите промашија пенал во првиот дел, а потоа Гзира погоди за 1:0. Делуваше дека со овој резултат гостите ќе се радуваат, но во 90+13 минута, Гленторан даде гол и изнрами на 1:1, па мораше да се играат продолженија.

Во дополнителните 30 минути немаше голови, па пеналите мораа да решаваат за патникот во следната фаза. Тогаш се случи историја и следуваше најдолгата пенал серија во историјата на УЕФА натпреварувањата.

Двете екипи успеаа да погодат дури по 13 пенали во низа, вклучувајќи ги и ударите на голманите. Дури во 14-тата серија, Гленторан промаши, а гостите погодија и тоа значеше крај и победа на тимот од Малта.

- Оглас -

Најнови вести