Екипите на Мотагуа од Хондурас и Комуникасионес од Гватемала, одиграа еден крајно драматичен меч од 16-финалето на КОНКАКАФ лигата. Мораше да има победник, па откако средбата заврши 2-2 по регуларните 90 минути, се шутираа пенали.
Верувале или не, се шутнаа дури 36 пенали, по 18 на двете страни. На крај, ако се сметаат само пеналите, победија домашните со 15-14.
Ова е најдолга пенал серија во историјата на фудбалот ако се сметаат меѓународни мечеви, но севкупно не е светски рекорд. Во јуни 2016 година во петтата лига во Чешка, Батов и Фриштак шутнаа неверојатни 52 пенали, а Батов победи 21-20. Тоа е аматерски меч, од професионалните, рекорд се 48 пенали на еден дуел од финалето на Купот на Намибија во 2005 година, со 48 изведени пенали.
Погледнете ги најинтересните моменти од дуелот во Хондурас кој се одигра рано утрово: