ДРАМА: Воска со два гола во судиското продолжение го шокира Вардар

Фудбалерите на Воска Спорт со два гола постигнати во судиското продолжение славеа во дербито 25-то коло во Втората фудбалска лига против Вардар со 2:1.

Прво Јашаровски во 91-та минута го израмни резултатот, а две минути подоцна Адем го совлада Гачевски за целосен пресврт на Воска.

Со новите три бода, Воска сега има 62 бода, шест повеќе од Вардар.

Вардар поведе со голот на Јорго Папули во 42-та минута иако десет минути претходно остана со играч помалку откако Ненад Мишковски заработи црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести