Драмата со судијката и Новак не заврши: Лора ќе го тужи првиот светски рекет?

Лора Кларк, судијката која беше погодена со топче од страна на Новак Ѓоковиќ за време на дуелот против Карењо Буста, наводно подготвува тужба против првиот светски рекет. Ѓоковиќ неочекувано рано го заврши настапот на ОП на САД по дисквалификацијата во осминафиналето, а поради непромислената глупост која ја направи, остана без наградниот фонд и одземените му се бодовите.

Сега српскиот тенисер го очекуваат нови проблеми, односно би можело да заврши на суд поради што фан-базата на Ѓоковиќ деновиве непрекинато ја напаѓа судијката преку социјалните мрежи.

Лора деноноќно трпеше смртни закани, по што ги деактивира профилите на „Инстаграм“ и „Твитер“. Со оглед на тоа колку Ѓоковиќ располага со финансии, судијката може да бара голема отштета за претрпениот стрес.

Во меѓувреме, Лора е отстранета од арбитражниот тим на ОП на САД, а не помогна ниту молбата на Новак да се престане со сајбернападот.

- Оглас -

Најнови вести