Драматичен финиш – ВБА е премиерлигаш, доби џекпот од 150 милиони евра

Вест Бромич албион вечерва не победи, но има многу причини за славење бидејќи се враќа во Премиер лигата, што им носи и џекпот од над 150 милиони евра.

Финишот на Шампионат лигата беше многу драматичен, а покрај Лидс, кој веќе беше пласиран во Премиер лигата, за второто место битка биеја ВБА и Брентфорд.

Избраниците на Славен Билиќ имаа еден бод предност пред Брентфорд и таа дистанца остана и по мечевите што се одиграа вечерва.

ВБА ремизираше 2:2 со Квинс парк ренџерс, ситуација што не успеа да ја искористи Брентфорд, екипа што бркаше победа против Барнсли на домашен терен, но на крајот загуби со 1:2.

Популарните Пчели сега ќе мора да играат бараж-плејоф за последното трето место што од Шампионат лигата води во Премиер лигата, а таму веќе се Лидс и ВБА.

Во плејофот ќе играат Брентфорд против Свонси и Фулам со Кардиф, потоа победниците ќе играат финале на „Вембли“, а подобрата екипа ќе се пресели во повисок ранг на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести