Драматични сцени, Турчинка не успеа да го крене тегот, па се онесвести (Видео)

На првиот ден од Европското првенство во кревање товар кое се одржува во Ереван, Ерменија, турската натпреварувачка Пелинсу Бајав, падна во бесознание по обидот да го крене тегот.

Таа не успеа во својот обид да го крене тегот преку рамото, по што се откажа од првиот обид, а откако го фрли тегот, ја загуби свеста и падна, поради што мораа да интервенираат лекарските екипи.

Златниот медал во кобнкуренција со 49 килограми, во која се натпреваруваше и Турчинката Бајав, го освои Михаела Камбеи од Романија, а место на победничкиот пиедестал имаше и за Џулија Империо од Италија иза Анџелина Ломачинска од Украина.

- Оглас -

Најнови вести