Драматично е на „Сан Сиро“: Судијата Ди Бело делеше сомнителни пенали како бонбони (видео)

Милан го делат 45 минути да ја запише 10-тата победа во Серија А и да остане непоразен по 14 кола, по што има предност од 2-1 против Лацио во дербито на „Сан Сиро“.

Росонерите поведоа преку Ребиќ уште во 10-тата минута, а само пет минути подоцна добија сомнителен пенал, иако ситуацијата се прегледуваше во ВАР-собата. Се бараше игра со рака, иако очигледно топката го удри Патрик во лицето, па Чалханоглу зголеми на 2-0 со прецизно изведениот пенал.

Веќе во 27-мата минута гостите добија најстрога казна во своја корист откако минималниот контакт врз Кореа беше доволен за судијата Ди Бело да додели пенал и за Лацио. Имобиле не погоди од белата точка, поточно Донарума му го одбрани обидот, меѓутоа Луис Алберто ја искористи одбиената топка и намали на 2-1.

- Оглас -

Најнови вести