Драматично е во Ла Коруња: Играч заразен од Коронавирус префрлен во болница се бори за живот

Еден играч на Фуенлабрада треба да ја добие најтешката борба, а тоа е борбата за живот. Уште пред неколку дена беше откриено дека неколку фудбалери на шпанскиот второлигаш се заразени од Коронавирусот, па поради тоа беше одложен и дуелот од последното коло против Депортиво ла Коруња.

Тимот на Фуенлабрада веќе неколку дена е во карантин во Ла Коруња, а денеска се случило вистинска драма. Еден од фудбалерите изгубил и свест па морало да биде пренесен во болница.

„Еден играч на Фуенлабрада не се чувствувал добро и е префрлен во болница. Ги молиме медиумите да го почитуваат идентитетот на играчот и бараме да има многу внимателност околу известувањето“, соопштија од клубот.

Мечот Ла Коруња – Фуенлабрада требаше да се игра пред четири дена, но тогаш беа регистрирани дури седум случаи на заразени играчи во гостинскиот тим. Целиот тим замина во изолација, а денеска поради висока температура еден фудбалер останал без свест и бил пренесен во болница.

 

- Оглас -

Најнови вести