Драматично во Имола – Иџе Стефановски втор мина низ целта

Игор Стефановски Иџе повторно беше одличен на трката во Имола и мина низ целта како второпласиран во драматичен финиш.

Вчера беше треѕопласиран, а и денеска првично заврши на истата позиција, но Џакомо Гвидети на неправилен начин го мина во последните метри, удри во автомобилот на Македонецот и по реакција на стјуардите на патеката, беше казнет, па Иџе ја заврши трката зад победникот Славаторе Тавано.

Денешниот победник е прв и во Генерален пласман во ТЦР Италија.

- Оглас -

Најнови вести