Драми на СП во ватерполо: Србија преку пенали до полуфинале, пречката ја запре Црна Гора

Грција – Србија е првото полуфинале на Светското првенство во ватерполо кое се игра во јапонскиот град Фукуока.

Во првото четвртфинале, нашиот јужен сосед ја победи Црна Гора со 10-9. Во последниот напад, Црногорците можеа да изедначат, но топката се одби од пречката.

Италија беше фаворит против Србија, но дуелот беше максимално изедначен, ниту еден тим немаше повеќе од еден гол разлика, па средбата зварши 11-11 и пеналите решаваа кој оди понатаму. Србите славеа со 4-3 и одат во борба за медали.

Другите две четвртфиналиња се Унгарија – САД и Шпанија – Франција.

- Оглас -

Најнови вести