Драми во Цвајта: Шалке на чекор од Бундеслигата, „самоубиство“ на Вердер, Дармштад утре на потег

Шалке 04 за кој игра Дарко Чурлинов, вечерва славеше победа од 2-1 над Зандхаузен, а и резултатите на конкурентите беа по мерак на клубот од Гелзенкирхен, па Шалке изби на прво место на табелата во втората германска лига на две кола до крајот.

На 5-6 минути до крајот, работите не изгледаа толку добро за Шалке, но Вердер кој беше лидер пред ова коло, прими гол во 85-та минута и загуби дома од Кил со 2-3, а Шалке во 91-ва минута ги постигна победничкиот гол. Чурлинов излезе во последните секунди од средбата во 94-та минута.

Киксираше и Санкт Паули кој во 92-ра минута прими гол од Нирнберг, па наместо три, освои само еден бод, па падна на четврто место. Трети е Дармштад кој игра игра со веќе испаднатиот Ауе, и ако победи, ќе дојде на два бода негатива зад Шалке и ќе се изедначи со вториот Вердер.

Во Бундеслигата влегуваат првите две екипи, додека третиот игра бараж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести